Грчкиот Парламент му изгласа доверба на кабинетот на Јоргос Папандреу

Атина, 5 ноември 2011 (МИА) - Грчкиот Парламент синоќа му изгласа доверба на кабинетот на грчкиот премиер Јоргос Папандреу, со што тој ги избегна предвремените избори, кои претходно ги бараше опозицијата.

Социјалистичката Влада на Папандреу ја доби довербата со тоа што сите 153-ца пратеници од нејзините редови од 300-члениот Парламент го поддржаа кабинетот. Од присутните 298 пратеници 153 гласаа „за“ поддршка на Владата, а 145 се изјаснија „против“.

Гласањето на доверба беше побарано од самиот Папандреу, откако во понеделникот тој најави дека планира да организира референдум за европскиот спасувачки финансиски план за Грција, но во четвртокот се откажа од овој план, со оглед на тоа што тој предизвика паника на финансиските пазари, но и поради острите критики од европските лидери.

Грчката Влада вчера официјално соопшти дека референдум за европскиот спасувачки план нема да се одржи.

Владата си го врати мнозинството со три места места во Парламентот, откако една од незадоволните пратенички од владејачката ПАСОК се врати во својата парламентарна група. Поранешната минситерка за труд Лука Кацели беше примена во парламентарната група на ПАСОК, откако минатиот месец беше протерана од неа, бидејќи гласаше против дел од владините мерките за штедење. Таа беше примена во парламентарната група откако гласаше за поддршка на кабинетот на Папандреу.

Резултатот од гласањето до последен момент беше неизвесен, бидејќи некои од пратениците на ПАСОК се закануваа дека нема да му дадат поддршка на Папандреу.

Грчкиот премиер претходно повика за составување на широка коалициска влада, која треба да ја одобри спогодбата за 130 милијарди евра, која е од суштински значење за спасот на Грција од банкрот и за справување со економската криза во еврозоната.

Во обраќањаето пред пратениците Папандреу истакна дека нема да настојува да ја задржи својата функција и оти е подготвен да се повлече од неа.

- Последното нешто на што мислам во моментов е дали ќе ја задржам функцијата. Не ме интересира дали ќе бидат реизбран. Дојде време да се вложат нови напори. Никогаш не сум ја гледал политиката како професија, рече Папандреу пред гласањето.

Министерот за финансии Евангелос Венизелос изјави дека новата грчка коалициска влада треба да го одобри спасувачкиот пакет и оти веројатно ќе работи до крајот на февруари.

- Владата на широката коалиција, која треба да биде формирана, треба да го врати меѓународниот авторитет на земјата и да обезбеди брзо отпуштање на 30 милијарди евра за рекапитализација на грчките банки, рече Венизелос пред Парламентот.

Тој истакна дека новата влада ќе треба да ги одобри буџетот за 2012 година, среднорочната Програма за финансиска стабилизација до 2015 година, како и да ги заврши преговорите за учество на приватниот сектор во намалувањето на грчкиот државен долг.

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Андонис Самарас го отфрли тој повик за коалициска влада и побара предвремени избори.

- Папандреу ги отфрли нашите предлози. Единствено решение се предвремени избори, изјави портпаролот на Нова деморкатија.

Самарас во четвртокот побара составување на преодна влада од технократи без учество на политичари, чија единствена цел ќе биде спроведување на предвремени избори и ратификација на кредитната спогодба со ЕУ.

Лидерката на малата десноцентристичка партија Демократски сојуз, Дора Бакојани изрази подготвеност за учество во коалициската влада.

- Доколку биде испратена таква покана ќе учествувам во преговори за составување на таква коалициска влада, рече Бакојани, чија партија има пет пратеници.

Подготвеност за учество во коалицискаѕа влада изрази и ултранационалистичкиот Народен православен собор (ЛАОС) кој има 15 пратеници.

Папандреу денеска ќе се сретне со грчкиот претседател Карлос Папуљас со цел да разговара за започнување на преговорите за составување на коалициска влада со опозициските партии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...