Во Србија за три години подигнати обвиненија против 6.542 лица поради корупцијаБелград, 14 ноември 2011 (МИА) - Обвинителствата во Србија, вклучително и Обвинителството за борба против организираниот криминал во последните три години, поради различни облици на корупција, подигна обвиненија против 6.542 лица.
Белградскиот весник „Политика“ наведува дека меѓу обвинетите најголем број се оние кои ја злоупотребиле службената оложба, а потоа се лицата кои примале или давале мито.
Во 2010 година и првите пет месеци од годинава поднесени се околу 2.000 различни пријави под сомнение дека државни службеници сториле кривични дела со коруптивни елементи.
Меѓу пријавените најголем број се судии - 424, обвинители - 155 и полицајци - 175.
|