НАТО повика на воздржаност и соработка

Брисел, 29 ноември 2011 (МИА) - НАТО изрази загриженост за ситуацијата во северниот дел на Косово и ги повика сите страни на воздржаност и целосна соработка со меѓународниот фактор со цел да се обезбеди слобода на движење.

- Загрижени сме за развојот на настаните во северниот дел на Косово и внимателно ги следиме, изјави портпаролката на НАТО Оанa Лонгеску.

Во соопштението се повикуваат сите страни „без одложување“ да покажат воздржаност и воспостават соработка со претставниците на меѓународната заедница. - Целта на КФОР е да придонесе за одржување на безбедна и сигурна средина, слобода на движење и безбедност на Косово, во согласност со резолуцијата 1244, изјави Лонгеску.

Лонгеску истакна дека КФОР таа задача ја исполнува внимателно, фер и непристрасно.

- НАТО целосно ги поддржува командантите на КФОР во исполнување на тој мандат, нагласи таа.

Командата на КФОР претходно соопшти дека војници, откако се нашле под оган, на тој „криминален акт одговориле со средства без смртни последици“, како што се гумени куршуми, солзавец и водени топови.

Неколку десетици косовски Срби и 25 војници на КФОР се повредени во судирите кои и вчера избувнаа на барикадите во близина на селата Јагњеница и Зубин Поток.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...