Скопје, 6 јули 2012 (МИА) - Изјавата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во која вели дека Македонците се најголеми фалсификатори на историјата е тема на текст објавен во грчкиот дневен весник „Елефтерос Типос“.
Весникот во вчерашниот број објави текст во кој врз основа на изјавите на Георгиевски, се наведува дека “во ФИРОМ се фалсификува историјата“.
- Последните години бевме бомбардирани со документарци во кои гледавме лажни херои и со книги со фалсификувана историја која што се базира на лажни факти. Мојата автобиографија не содржи такво нешто, се наведува во изјавата на Георгиевски што ја пренесува грчкиот весник.
Во текстот стои дека би било добро грчкото Министерство за надворешни работи да ги искористи изјавите на Георгиевски за блокада на земјава во НАТО и ЕУ, со потенцирање дека „ова не е изјава на Грк, туку на поранешен премиер на Скопје“.