Анкара, 4 октомври 2012 (МИА) - Големото народно собрание на Турција одбори спроведување прекугранична воена опреција на турската Армија во Сирија, доколку Владата процени дека тоа е неопходно.
Оваа одлука Парламентот ја донесе еден ден откако во минофрлачки напад во Сирија загинаа петмина цивили во турскиот град Акчакале.
Владата побара одобрение од Парламентот да испраќа војници во странски земји со меморандум, во кој се посочува дека „агресивните дејствија од страна на сириските вооружени сили против турската територија претставуваат сериозна закана за националната безбедност“.
- Турција не добила никакво појаснување или извинување од Сирија по вчерашниот минофрлачки напад од сириска територија, во кој беа убиени петмина цивили на турска територија, изјави турски официјален претставник, јави БТА.