
Белград, 26 март 2013 (МИА) - Владика од српскиот град Врање е обвинет за сексуално злоставување служител во епархијата. Името на владиката по вторпат се споменува во таков контекст.
Владиката Пахомие (Томислав Гачиќ) изјави за Данас дека за обвинувањата дознал до медиумите. Тој ги отфрли обвиненијата и наведе дека ќе се појави пред суд ако биде повикан.
Пахомие е обвинет за сексуално насилство од Немања С. (24) кој работел во Врањската епархија. Владиката беше обвинет за сексуално напади и во случај со четири момчиња, потенцира весникот. Пахомие негира медиумски наводи дека е вмешан во илегално сечење шума во реонот на манастирот Прохор Пчињски и оти поседува автомобилски парк.