Албанскиот премиер во посета на Белград

Белград, 10 ноември 2014 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама ќе пристигне денеска во историска посета на Белград, прва на албански премиер во изминатите 68 години.

Прес-службата на српскиот премиер Александар Вучиќ соопшти дека е предвидена тет-а-тет средба на двајцата премиери, потоа потпишување договори, иако не е прецизирано кои, како и изјава за медиуми, јави Танјуг.

Рама ја одложи за три недели посетата што беше планирана за 22 октомври поради сериозен инцидент на фудбалски натпревар во Белград на 14 октомври меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија.

- Белград ќе има средба со Рама со надеж дека посетата ќе биде повод за „отворени разговори“ што ќе дадат можност да се „сврти страницата“, наведува за западни медиуми српски извор близок до Владата.

- Очекуваме ново поглавје во односите меѓу Србија и Албанија со заедничка цел зачувување на стабилноста на Балканот, додава тој.

Тирана од своја страна, сака да не продолжува политиката која држи во заложништво и надминување на тензиите по инцидентот како и стабилност на Балканот.

- Време е за нова страница, да не влеземе во раце на политика која долго време не држеше како заложници, изјави Рама неколку дена пред посетата во Белград. - Интересот на нашите држави е одиме напред. Европа е наша заедничка цел, ние сакаме да сме дел од европското семејство, тврди Рама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...