Голема Албанија е застарен мит

Тиарна, 11 ноември 2014 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за Б92 вели дека Голема Албанија е застарен мит за кого не се залага ниту еден албански политичар.

- Нашиот проект е Голема Европа со Србија и Албанија. Голема Албанија е застарен мит кој нема никаква врска со нас. Покажете ми барем еден доказ за тоа во мојата кариера или кај кој и да е друг албански политичар, што би докажало залагање за Голема Албанија, изјави Рама

Како што вели Рама, зачуден е од фактот дека некој во Србија бил провоциран од ставот дека Косово е независна држава, одделна од Албанија.

- Мене ми е фасцинирачко тоа што вас ова ве провоцира. Тоа не е нешто што јас сум го сонувал, тоа е реалноста. Многу држави со кои Србија соработува, го признаа Косово како независна држава. Би било добро и Србија да ја признае таа реалност. Ова не е за навредување или богохулење, туку реалност, нагласи Рама.

Тој додава дека е убеден оти Албанија и Србија можат да отворат ново поглавје во меѓусебните односи.

- Јас затоа сум тука. Јасно ми е дека не мора и не може да се согласиме околу се. Изнесов неколку работи околу кои постои несогласување. Секако, треба да се земат предвид и српските ставови, вели Рама во интервјуто.

Инаку, како што јави дописникот на МИА, Рама и неговиот домаќин Александар Вучиќ и покрај создадената ситуација синоќа вечерале заедно со уште неколку министри.

Рама денеска е во посета на Прешево, а според медиумите на враќање за Албанија ќе престојувал и во косовскиот град Гњилане.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...