Шешељ пристигна во Србија

Белград, 12 ноември 2014 (МИА) - Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ пристигна во Србија по 11 и пол години поминати во Хаг. Авионот во кој беше Шешељ слета на аеродромот по 13 часот.

На аеродромот „Никола Тесла“ Шешељ го дочекаа членови на семејството, раководството на партијата и многубројни приврзаници.

Приврзаниците на Шешељ пред зградата на аеродромот го дочекаа со трубачи и скандирање „Војо, Србину“, и „Војо, војводо“, и со навивачки факели.

Иако беше најавено дека тој ќе се обрати на новинарите, тоа не се случи.

Шешељ веднаш влезе во автомобилот и го напушти аеродромот. Планирано е тој да се упати кон седиштето на партијата во Земун.

Пред слетувањето на авионот од Хаг, а по доаѓањето на аеродромот на семејството на Шешељ, приврзаниците на Шешељ извикуваа навредливи пароли на сметка на властите во Белград и особено против лидерот на Српската напредна партија и премиер Александар Вучиќ.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал минатиот четврток одобри ослободување на претседателот на СРС Воислав Шешељ од Хашкиот трибунал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...