Бектеши: Во подготовка листата на производи што ќе се оданочуваат со 10 проценти

Листата на производи коишто ќе се оданочуваат со 10 проценти треба да ја изготви Министерството за финансии, а пред да се донесе од страна на Владата ќе бидат консултирани стопанските комори и организациите за заштита на потрошувачите, а се во интерес на граѓани, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција за новиот Буџет на Министерството за 2023 година заедно со премиерот Димитар Ковачевски. Тој при тоа нагласи дека од Министерството за економија се вклучени целосно во овој процес и имаат свои претставници.

–Тоа е работа на Министерството за финансии. Денеска сакам да повторам дека основните прехранбени производи ќе почнат да се оданочуваат со 5 отсто, но и таму треба да имаме предвид дека одредени производи во нашата држава, кои се луксузни, веќе се оданочуваат со 5 отсто. Листата пред да биде конечна и да се донесе од страна на Владата секако дека е дадена во консултација со стопанските комори, а посебно со тие организации за заштита на потрошувачите и на граѓаните во целина се со цел заеднички да направиме листа која ќе биде во интерес на нашите потрошувачи, на нашите граѓани во нашата држава. Мислам дека во наредните две недели би ја имале драфт листата која ќе биде споделена со сите засегнати страни, рече Бектеши на новинарско прашање кога ќе биде обајвена листата на производи кои ќе се оданочуваат со 10 проценти.

Во однос на замрзнувањето на маржите, кои се во функција на стабилизација на цените, Бектеши додаде дека таа одлука ќе продолжи да важи до крајот на април до кога е прогласена енергетската криза од страна на Владата и Собранието, а доколку има потреба ќе бидат донесени и дополнителни мерки.

– Согласно податоците кои ги добиваме ние како Министерство за економија, веќе се стабилизираат цените, посебно на основните прехранбени производи. Како што наведов, одлуката во делот на утврдување на маржите ќе продолжи до крајот на април. Ако е потребно секако дека имаме простор да донесеме дополнителни мерки, но најважно од се е дека веќе некои ланци на супермаркети ја добиле пораката од Владата и почнуваат и сами да ги замрзнуваат цените за да не се воведеме ние во ситуација како Влада да ги замрзнеме бидејќи ние сме за пазарна економија, а секако дека пазарот треба да ги утврди цените, а цените да бидат во интерес на граѓаните. Каде што ќе има злоупотреби знаете дека речиси сме лидери во регионот во носење на вакви мерки, вели Бектеши.

Според него, веќе има намалување на цените на основните производи во маркетите и тоа се одвива во рамки на очекувањата на Владата во опсег од 7 до 13 проценти.

-Благо поевтинување мислам дека веќе има. Нема веќе леб од 52 денари за што се правеа драми тука во Медија центарот на Владата. Веќе и „Жито Лукс“ почна да ги намалува цените, а одредени производители веќе неколку недели ги намалуваат. Маслото за јадење не е веќе 150 денари, ниту 160 денари. Може да се најде и под 100 денари во одредени маркети. Ние секогаш сме кажувале дека очекуваме во месец декември да има намалување од 7 до некаде 12 максимум 13 отсто и ако одимепо листата на производите, кои се во одлуката да направите споредба ќе видите дека таков процент на намалување има. Ние сме биле многу отворени, транспарентни посебно спрема граѓаните и не сме кажале дека ќе има намалување од 50 отсто, 70, 80 отсто за месец декември. За месец јануари се прават калкулациите и од компаниите и од стопанските комори и секако дека очекуваме да има дополнително намалување. Колку ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено откако ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори, вели Бектеши.

Со повластена даночна стапка од 10 проценти треба да се оданочуваат одредени производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1167.- Роден е англискиот крал Џон, помладиот син...
1491.- Роден е Игнасио де Лојол, основач на...
1524.- Умре португалскиот морепловец Васко де...
1798.- Роден е Адам Мицкиевич, полски поет,...