Камен-темелник на амбуланта во село Трсино - Виничко

Кочани, 18 март (МИА) - Во рамките на проектот на Владата за изградба на 17 амбуланти во руралните средини во Македонија, на пригодна свеченост во виничкото село Трсино беше поставен камен-темелник на оваа амбулантска зграда која ќе работи во состав на Здравствениот дом на Виница. Амбуланатата е со површина од 120 метри квадратни и се наоѓа во центарот на селото до каде можат да пристигнат речиси сите 160 жители од ова виничко село.

Во новата амбуланта, која се очекува да биде готова за три месеци, ќе бидат сместени ординација за лекар од општа медицина, просторија за интервенции и стоматолошка ординација.

Камен-темелникот во присуство на жителите на село Трсино го постави заменик-министерот за здравство Владо Поповски, кој истакна дека Владата за овој објект во кој ќе се пружа квалитетна здравствена заштита на населението од овој рурален дел на виничката општина, ќе инвестира четири милини и 400 илјади денари.





  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Шкот по улица и среќава пријател исто така Шкот, па го прашува:
- Каде бе пријателе?
- Еве одам во продавница. Ми се скрши забец од чешелот, па одам да си купам нов.
- Море...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети...
1517.- Војската на турскиот султан Селим Први во...
1561.- Роден е Франсис Бекон, англиски филозоф,...
1666.- Умре индискиот цар Шах Џехан од...