Конференција за енергетската сиромаштија

Скопје, 9 октомври 2013 (МИА) - Македонија, како и повеќето земји членки на Енергетската заедница (ЕЗ), се уште нема дефиниција за ранливи потрошувачи. Се предвидува со средства од ИПА најдоцна до крајот на 2014 година да се направат измени на Законот за енергетика во кои ќе се дефинира концептот на ранливи потрошувачи и ќе се изработи програма за намалување на енергетската сиромаштија.

Ова беше истакнато на денашната конференција насловена „Енергетската сиромаштија во Македонија и регионот“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер и Аналитика.

- Носењетопрограма за намалување на енергетската сиромаштија е предвидено и во нашиот Закон за енергетика каде освен субвенционирање на потрошувачката на  енергија и енергенси за одредени домаќинства ќе бидат опфатени и мерките за енергетска ефикасност, рече Размена Чекиќ-Дуровиќ од Министерството за економија.

Таа посочи дека до 1 јануари 2015 година дефинирањето на ранливите групи ќе стане законска обврска за сите земји членки на ЕЗ. Се предлага заедничка дефиниција да биде дека социјално ранливи потрошувачи на енергија се оние кои користат енергија за снабдување на постојаните живеалишта и имаат потрошувачка на електрична енергија месечно до 200 киловат часови за семејство со четири члена, припаѓаат на категоријата со најниски примања и потрошувачката на енергија да им е преку еднофазно броило чија конекција не надминува максимална моќност од 16 ампери. 

- Македонија како земја членка на Енергетската заедница го има потпишано Меморандумот за разбирање на социјалните прашања во областа на енергетиката. Документот е појдовна точка за развојот на социјалната димензија и укажува на политичката волја и намера на договорните страни да водат сметка за социјалната димензија и за принципите на социјалниот дијалог во енергетскиот сектор, рече Чекиќ-Дуровиќ.

Посочи  дека согласно Законот за социјална заштита е создадена основа Владата да донесе програма  за мерки за субвенционирање на потрошувачка на енергија. Во системот на социјалната заштита, пак, посочи, е овозможено обезбедување на дополнителна помош за најзагрозените корисници на парична помош преку програмата за субвенционирање на потрошувачка на енергија.

- Висината на оваа субвенција изнесува 700 денари и во пракса успешно се применува од 1 септември 2010 година, рече Чекиќ-Дуровиќ.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски истакна дека причините за енергетската сиромаштија можат да се поделат на економски и на технички. Како економски ги истакна невработеноста, ниските лични приходи на ниво на семејство, малата пензија или социјална помош и високата цена на енергијата. Технички причини рече дека се ниската енергетска ефикасност на опремата и зградите и немањето можност за пристап до енергентите.

- Енергетска сиромаштија е состојба на голем број луѓе во земјите во развој, кои не можат да ја достигнат благосостојбата на живеењето бидејќи имаат многу мала потрошувачка на енергија или користат нееколошки горива. Пристапот до енергија е од фундаментално значење за подобрување на квалитетот на животот и е клучен императив за економски развој, рече Трајановски.

Дефиниција за енергетската сиромаштија кај граѓаните или домаќинствата, спред него, е доколку едно домаќинство не може да си дозволи да има пристап до енергија, која е потребна за основните дневни барања за осветлување, готвење и затоплување.

Експертот за енергетика од ЦЕТЕОР д.о.о. Сараево, Нихат Харбаш истакна дека е неопходно да се знаат некои параметри за да се дефинира што е енергетска сиромаштија.

- Тоа пред се е стапката на вработеност, односно невработеност на населението, потрошувачката на енергијата во домаќинствата, како и нето приходите по семејство. Од примерите на регионот во пракса може да се види дека преку 10 отсто од домашните приходи се одвојуваат за енергетските потреби. Тоа, пак, води до заклучок дека населението е енергетски сиромашно ако се има предвид дефиницијата за енергетска сиромаштија која кажува дека издвојувањето на над 10 проценти од приходите значи енергетска сиромаштија, рече Харбаш.

Тој посочи дека во Босна и Херцеговина секогаш имало социјални цени на енергијата и додаде дека таму има најевтина електрична енергија во регионов.    

Елизабета Георгиева од Делегацијата на ЕУ во Македонија истакна дека многу луѓе сметаат дека енергенсите се општо добро, па треба да бидат достапни до пошироката популација по релативно ниски цени.

- Искуството покажа дека земјите со социјалистички систем на управување со намера енергенсите да ги направат достапни за поголем број потрошувачи не водеа многу сметка дека цената треба да ги рефлектира вистинските трошоци и ги држеа на пониско ниво. Подоцна се соочија со многу проблеми и им недостигаа инвестиции за модернизирање на оштетената или, пак, застарена енергетска инфраструктура, рече Георгиева.

Додаде дека тоа предизвикало и лошо снабдување со енергенси на потрошувачите, но и продажба на големите енергетски капацитети по пониска цена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1632.- Во Амстердам е роден Барух Спиноза,...
1642.- Холандскиот морепловец Абел Јансон Тасман...
1713.- Роден е Лоренс Стерн, англиски писател,...
1729.- Роден е рускиот генералисимус Александар...