Работилница за развој на локалната економија преку производство на биогорива

Скопје, 20 ноември 2013 (МИА) - Национална работилница за унапредување и развој на локалната економија преку производство на биогорива и рурални иновации во рамки на ЕУ проектот „Унапредување на соработката во Југоисточна Европа со помош на активности за зајакнување на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ)“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Организатори се Централно европската иницијатива (Central European Initiative), Регионалниот Совет за соработка (Regonal Cooperation Council) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а ќе се дискутира за идентификација на потенцијалните или тековните проекти за производство на нова генерација биогорива во Република Македонија и регионот.

На работилницата ќе говорат проф. д-р Христина Спасевска, национален експерт на Регионалната иницијатива за енергетски одржлив развој, Мирослав Кукобат експерт за енергетика и инфраструктура во Регионалниот Совет за соработка и Мирослав Спасојевиќ консултант.

Основната цел на проектот, финансиран од регионалниот предпристапен фонд – ИПА 2010, е да се придонесе кон регионална кохезија во Југоисточна Европа, како и во процесот на приклучување на државите од западен Балкан во Европската Унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си биле двајца програмери и виделе некоја јака женска.
Едниот му вели на другиот:
- Види ја онаа што "Properties" има.
А овој другиот разочарано:
- Ама гледам дека е "Read...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на телевизијата.
1658. - Во Лондон е роден Хенри Персел,...
1694. - Во Париз е роден Франсоа Волтер,...
1783.- Французите Франсоа Пилатр де Розије и...