Порастот на платите и пензиите ќе го подобрат стандардот на граѓаните

Скопје, 16 септември 2014 (МИА) - Сојузот на синдикати на Македонија смета дека Предлог-буџетот за 2015 година со кој се предвидува зголемување на платите, пензиите и социјалните трансфери, е развоен и ќе им овозможи на граѓаните полесно да ги надминат последиците од кризата.

- Развојната компонента ја гледаме од повеќе аспекти. Пред се со самото зголемување на платите ќе се обезбеди и зголемување на општата потрошувачка, а со тоа и развој на целата држава. Ваквата стратегија овозможува следење на потребите на вработените за да ја надминат кризата, односно со зголемувањето на платите се обезбедува позитивно соочување со кризата која беше присутна и се уште трае, оценува претседателот на ССМ, Живко Митревски.

За синдикатите, додава Митревски, ова зголемување е важно затоа што тоа го инкорпорирале во колективните договори што значи дека со тоа доаѓа до зголемување и на висината на коефициентите.

Со ваквата реализација на буџетот, според Митревски, се исполнуваат барањата на синдикатот за зголемување на платите. 

- Ова е потврда дека социјалниот дијалог функционира во државата и оти се исполнува договореното, потенцира Митревски. 

Вработените во јавната администрација го поздравуваат планираното зголемување на платите. Велат дека секое покачување е добредојдено iи дека со тоа ќе им се подобри животниот стандард.

Предлог-буџетот за 2015 година беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија и е доставен на разгледување во законодавниот дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...