Уште двајца уапсени за „камионот на смртта“ во Австрија

Уште две лица се уапсени за „камионот на смртта“ во Австрија. Се верува дека двајцата се вмешани во минатонеделната трагедија, кога телата на 71 бегалци беа најдени во напуштен камион покрај автопат во Австрија.

Постои уверување дека бегалците во камионот ладилник со унгарски регистарски ознаки се задушиле.

Портпаролот на обвинителството во Ајзенштатот Верена Стрнад рекла дека се работи за едно лице за кое е распишана европска потерница, а кое што било уапсено во Бугарија.

Сега мораме да разговараме со бугарските власти за негова испорака во Австрија, изјавила таа за агенцијата АПА.Второто лице за кое се верува дека е вмешано со „камионот на смртта“ во Австрија било уапсено во Унгарија.

Претходно беа уапсени пет лица, за кои се веруваше дека се поврзани со „камионот на смртта“.

Поради минатонеделната трагедија, Австрија воведе построги контроли на граничните премини.

Во „камионот на смртта“ во Австрија животот го загубија над 70 бегалци

Во камионот-ладилник што беше оставен покрај автопатот А4 кај австриското место Парндорф, австриската полиција пронајде 71 безживотни тела на бегалци.

Безживотните тела на мигранти беа пронајдени во петокот од страна на сообраќаен полицаец кој застанал да направи проверка поради непријатниот мирис и течноста која доаѓала од задниот дел на напуштениот камион во близина на австрискиот град Парндорф, односно на експресниот пат помеѓу Виена и Будимпешта.

Камионот-ладилник од 7,5 тони очигледно бил оставен, откако возачот утврдил дека нелегалните патници се мртви. Тој ја оставил отворена задната врата на камионот и од неа истекувала течност од телата кои се распаѓале.

Камионот беше однесен во зградата на царината за ветеринарни инспекции, која располага со специјални камери, каде експерти по судска медицина работеа цела ноќ на одвојување на телата и на нивно пребројување.

Според првичните информации се сметаше дека во камионот има од 20 до 50 тела, но по деталната анализа, австриските власти утврдија дека станува збор за вкупно 71 тело на бегалци.

Нивна цел најверојатно била со помош на криумчарите на мигранти да стигнат до Западна Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...