Фотографија објавена на Твитер уште еднаш докажа дека поголемиот број бегалци во Унгарија не поминуваат баш најдобро. На фотографијата може да се види како полицајци измачуваат бегалци во Унгарија присилувајќи ги да клечат во ред додека чекаат билети.
Емигрантите, голем број семејства со деца, мирно се качиле во возот. Сами, 35-годишен Сириец, им го покажал на новинарите билетот од 120 евра за Минхен.
„Шест дена јас и двата сина спиевме на земја како кучиња. Денес, ако даде господ, ја напуштаме оваа земја и ќе ѝ се придружиме на мојата сестра во Минхен“, рекол Сами.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека синоќа во Пиреја пристигнал брод со околу 1.700 мигранти и бегалци од грчкиот остров Лезбос, како и дека се очекува денес да пристигне втор брод со уште 2.500 мигранти.