Меркел: Не ја поддржувам заканата на Трамп кон Северна Кореја

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Северна Кореја ќе биде „целосно уништена“ доколку им се заканува на САД или на нивните сојузници.

- Не ја поддржувам таквата закана. Сметаме дека секое воено решение е сосема несоодветно и ги претпочитаме дипломатските напори. Според мене, тоа се санкциите и нивното спроведување. Се друго во врска со Северна Кореја го сметам за погрешно, изјави Меркел во интервју за Дојче Веле, додавајќи дека разговарала телефонски со Трамп пред неговиот говор во ОН.



Меркел нагласи дека Германија е подготвена да придонесе за решавање на кризата со Северна Кореја. - Иако овој конфликт е просторно далеку од Германија, сепак, тој не засега и нас. Затоа, јас и министерот за надворешни работи сме подготвени да ја преземеме одговорноста за ова прашање, рече Меркел.

Како пример за меѓународна соработка го посочи нуклеарниот договор со Иран и истакна дека го поддржува.

- Ова траеше многу години, но во крајна линија доведе до ограничување на можностите Иран да создаде нуклеарно оружје. Во случајот со Северна Кореја исто треба да се движиме по овој пат или нешто слично, се разбира заедно со САД, Русија и Кина, изјави Меркел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...