Неколку хрватски медиуми јавија дека Слободан Праљак, кој е еден од обвинитетите во случајот „Прлиќ“, починал.
Хашкиот трибунал денеска му изреча казна затвор од 20 години, по што Праљак испи нешто за кое тврдеше дека е отров.
Слободан Праљак не е воен злосторник. Ја презирам пресудата, изјави Праљак и испи нешто од мало шишенце.
- Тоа што го испив е отров, истакна Праљак, по што изрекувањето на пресудата беше прекинато.