Почнува судењето на шест тинејџери поради убиството на францускиот професор кој покажуваше карикатури на пророкот Мухамед

Во Франција денеска почнува судскиот процес против шест тинејџери обвинети за убиството на професорот по историја Самуел Пати во 2020 година.

Судењето се одвива зад затворени врати. Пати ги разбесни родителите на муслиманските ученици кога на час за слобода на изразувањето им покажа карикатура на пророкот Мухамед. Во исламот, прикажувањето на пророкот Мухамед се смета за богохулење.

Еден од шесте тинејџери е 15-годишно девојче кое наводно им кажало на своите родители дека профгесорот на час покажувала карикатури од Мухамед. Неа и се суди за лажно обвинение, бидејќи било утврдено дека не била на час кога тоа се случило.

Пати беше убиен пред училиштето во предградие на Париз од 18-годишно момче родено во Чеченија, кое набрзо беше усмртено од полицијата.

Пет други малолетници, на возраст меѓу 14 и 15 години во моментот на нападот, беа обвинети за злосторнички заговор и заседа. Ним им се суди затоа што на убиецот му го покажале 47-годишниот професор или го следеле неговото излегување од училиштето.

На сите им се суди пред судот за малолетници, а им се заканува затворска казна до 2,5 години. Рочиштата кои ќе се одржуваат зад затворени врати ќе траат до 8 декември.

Поради убиство на Пати уапсени се и осум возрасни лица.

Франција е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европа, а во изминатите години беше цел на терористички напади на исламистите. По убиството на Пети, дел од професорите признале дека се цензурираат по прашањето за слободата на говорот и вероисповед за да избегнат конфликт со учениците и нивните родители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...