Германија повика да не се блокира патот на Албанија кон ЕУ од билатералните прашања со Грција

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека патот на Албанија кон ЕУ не треба да биде блокиран од билатералните прашања со Грција.

Официјален Берлин го нарече неприфатливо блокирањето на патот на Албанија кон членство во ЕУ од страна на Грција поради случајот со Фреди Белери, уапсениот избран градоначалник на Химара, кој е етнички Грк, објави порталот Шќиптарија.

„Албанија е земјата која направи најмногу чекори кон членството во ЕУ и овојпат тоа не треба да се прекинува поради прашање на билатерални односи, (како што е прашањето) на Белери“, се вели во соопштението на германското Министерство за надворешни работи за грчкиот весник „Та неа“, цитирано од „Шќиптарија“.

Во соопштението се вели и дека во моментов е во тек истрага на албанските власти за случајот со Фреди Белери и дека треба да се почекаат резултатите.

Белери беше уапсен два дена пред локалните избори во Албанија на 14 мај 2023 година под обвинение за соучесништво во активна корупција, а два дена подоцна од затвор победи на локалните избори во Химара. Неговото апсење предизвика тензии меѓу Атина и Тирана уште пред изборите, а односите меѓу нив остануваат затегнати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...