Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа, во своето секојдневно видеообраќање, изјави дека ситуацијата е исклучително тешка на некои точки на фронтот.



- Ситуацијата е исклучително тешка на неколку точки на линијата на фронтот, каде што руските сили имаат концентрирани максимални резерви. Тие го користат доцнењето на помошта за Украина, посочи Зеленски, додавајќи дека на украинските сили им недостасува артилерија, и треба воздушна одбрана за линијата на фронтот, како и оружје со поголем дострел.

Според Зеленски, Киев со своите партнери работи максимално напорно за да ја обнови и прошири поддршката за Украина.

Тој им се заблагодари на своите сонародници, украинските компании и партнерите на Украина, кои веќе произведуваат оружје, артилериски гранати, беспилотни летала и системи за електронско војување во земјата.

Руската армија е во офанзива во источна и јужна Украина и неодамна го зазедоа силно утврдениот град Авдеевка во регионот на Доњецк, што е нивна прва голема победа по заземањето на Бахмут во мај 2023 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Жената му вели на мажот:
- Леле колку сум среќна што се врати!
- Што така?
- Па, на радио рекоа дека некој пијан идиот се удавил во реката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за...
1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи...
1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани...
1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски...