Марин Ле Пен: Нема да формираме влада без апсолутно мнозинство

Лидерката на екстремно десничарската партија Национален собир Марин Ле Пен денеска изјави дека нејзината партија нема да формира влада доколку не добие апсолутно мнозинство.



Партијата на Ле Пен е големиот победник во првиот круг од парламентарните избори што се одржа во неделата во Франција.

„Не можеме да прифатиме влез во владата ако не можеме да дејствуваме“, потврди Марин Ле Пен за француското радио Ентер.

Таа најави и дека нема да биде дел од владата и шеф на Националниот собир, туку дека ќе го води пратеничкиот клуб.

И претседателот на нејзината партија Жордан Бардела пред првиот круг изјави дека нема да влезе во владата без апсолутно мнозинство во Националното собрание.

Ле Пен смета дека ако не можат да ги променат политиките што се спроведуваат, ако не можат да дејствуваат, тоа би било најлошото предавство што нејзината партија може да им го направи на своите гласачи. „Моите гласачи се интелигентни и слободни“, рече таа, додавајќи дека овие избори се за еманципација на францускиот народ.

Зборувајќи за можноста Бардела да стане премиер, Ле Пен рече дека е „подготвена“.

„Оваа влада ќе биде комплетна, ќе биде компетентна, ќе ја сочинуваат луѓе од Националниот собир, луѓе кои учествуваа со нас во изборната борба и луѓе од граѓанското општество“, истакна Ле Пен.

Таа, исто така, рече дека претседателот Емануел Макрон прави сè за да се обиде да се спротивстави на демократскиот процес. Според Ле Пен, Макрон со сите средства се обидува да го спречи Националното собрание да дојде на власт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1751.- Роден е англискиот писател и политичар од...
1762.- Роден е францускиот писател Андре де...
1830.- Умре српскиот писател Петар I Петровиќ...
1839.- Роден е францускиот сликар од англиско...