Борел: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

Крајната одговорност за смртта на главниот руски опозициски лидер Алексеј Навални ја сносат рускиот претседател Владимир Путин и властите кои го уапсија, изјави денеска високиот комесар за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.



Во соопштение што го објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), по повод одбележувањето четири години од труењето на руски опозиционер со нервен агенс, Борел изјави дека Русија треба да обезбеди непристрасна меѓународна соработка во истрагата за обидот за атентат.

- Обидот за атентат, потоа и враќањето на Навални во Русија, ја забрза спиралата на политички мотивирани мерки против него, што доведе до негова прерана и сè уште нецелосно истражена и разјаснета смрт во казнена колонија со високо обезбедување во февруари годинава, се наведува во соопштението.

Тој додаде дека ЕУ „нема да штеди напори да ги повика на одговорност руското политичко раководство и властите за постапувањето кон Алексеј Навални и другите политички затвореници“, потсетувајќи дека по труењето во 2020 година, и на 22 март годинава, ЕУ воведе санкции за лицата одговорни за тие дела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...