Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот е „многу предизвикувачка“ и дека армијата мора да направи сè што може во следните месеци.



- Најважно е да извршиме притисок врз Русија користејќи ги сите расположливи средства и алатки за да ја постигнеме нашата цел за вистински и праведен мир за Украина и за целиот наш народ што е можно поскоро. Се што може да се направи оваа есен, сè што можеме да постигнеме, мора да постигнеме. И тоа зависи од сите во украинскиот тим, посочи Зеленски.

Тој додаде и дека Украина се подготвува за престојаната високата средба во германската воена база Рамштајн, на која ќе присуствуваат претставници на 50 држави, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден.

- На средбата ќе ги добијат сите детали и аргументи од наша страна за тоа како да се обезбедат резултати во наредните месеци и на фронтот и во дипломатијата, наведе Зеленски.

По руската инвазија врз Украина во Рамштајн се одржаа повеќе средби, но досега беа на ниво на министри за одбрана. Целта на средбите е да се координира воената помош за Украина.

Зеленски постојано ги повика своите западни сојузници да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана, за да можат подобро да ги заштитат украинските градови од постојани руски напади со беспилотни летала и ракети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...