Макрон: Европа треба да се разбуди

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека конфликтот во Украина „нема да заврши утре, ниту задутре“, алудирајќи на најавата на новиот американски претседател Доналд Трамп за брзо завршување на војната.



- Не може да има мир и безбедност во Европа без Европејците и без тоа да биде договорено од Европејците, истакна Макрон во обраќањето пред армијата во базата во близина на Рен.

Тој додаде дека „предизвик е да и обезбедиме средства на Украина за да издржи и да влезе во какви било идни преговори од позиција на сила. како и гаранции за нашата сопствена безбедност“.

Макрон ја повика Европа „да се разбуди“ и да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја намали зависноста од САД.

- Што ќе правиме утре во Европа ако нашиот американски сојузник ги повлече своите воени бродови од Медитеранот? Ако ги испрати своите борбени авиони од Атлантикот во Пацификот?, посочи Макрон.

Според него, Франција и Европа мора да се адаптираат на променливите закани и интереси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Шкот по улица и среќава пријател исто така Шкот, па го прашува:
- Каде бе пријателе?
- Еве одам во продавница. Ми се скрши забец од чешелот, па одам да си купам нов.
- Море...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети...
1517.- Војската на турскиот султан Селим Први во...
1561.- Роден е Франсис Бекон, англиски филозоф,...
1666.- Умре индискиот цар Шах Џехан од...