Словенија: Спасувачите го пронајдоа телото на вториот исчезнат рудар

Спасувачите пронајдоа уште едно тело на исчезнат рудар кој настрада во јагленокопот во словенечкиот град Велење.
Продолжува потрагата по третиот рудар кој е заробен во јамата.



Во еден од тунелите на јагленокопот „Прелоге Премогвник“ вчера продре вода при што затрупа 14 рудари, од кои 11 успеале да излезат од рудникот.

Во јагленокопот навлегле од 500 до 700 кубни метри водена глина. Спасувачите рачно ја отстрануваат глината за да стигнат до третиот рудар.

Поведена е истрага за несреќата, додека компанијата што управува со рудникот соопшти дека „и покрај сите сигурносни мерки, не може да се предвиди што може да се случи“.

Несреќите во рудникот за јаглен во Велење не се ретки. Последната голема несреќа при работа се случи во февруари минатата година, кога во пештерата дојде до зголемена концентрација на гас при што беа повредени четворица рудари. Во 2023 година тројца рудари беа повредени, а во 2022 година 14 лица беа полесно повредени при уривање на столб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Шкот по улица и среќава пријател исто така Шкот, па го прашува:
- Каде бе пријателе?
- Еве одам во продавница. Ми се скрши забец од чешелот, па одам да си купам нов.
- Море...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети...
1517.- Војската на турскиот султан Селим Први во...
1561.- Роден е Франсис Бекон, англиски филозоф,...
1666.- Умре индискиот цар Шах Џехан од...