Песков: Политиката на ЕУ за зголемување на трошоците за одбраната е „кратковида и деструктивна“

За Русија, напорите на Европска Унија за зголемување на трошоците за одбраната, се кратковида и деструктивна политика.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека расте милитаризмот во ЕУ, што доведува до зголемување на инвестициите во вооружување под изговор оти има закана од Русија.

- Јасно е дека натамошното зголемување на трошоците ќе има многу, многу негативни ефекти и ќе доведе до дополнително влошување на економската ситуација во Европа, што ќе влијае на секој Европеец, посочи Песков.

Комисијата на ЕУ проценува дека ќе бидат потребни дополнителни инвестиции во одбраната од околу 500 милијарди евра во следната деценија.

Песков, исто така, го критикуваше предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина може да предаде дел од своите минерални ресурси на САД во замена за дополнителна американска воена помош.

Ова е предлог за купување помош. Се разбира, би било подобро да не се даде никаква помош – и на тој начин да се олесни крајот на конфликтот, истакна Песков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе сакал да зафркава луѓе по телефон, па се јавува и вика:
- Ало, добар ден.
- Добар ден.
- Ви работи фрижидерот?
- Да, работи.
- Епа, дајте му плата!

* * *
Дечко си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
211.- Умре римскиот цар Лук Септими Север...
1746.- Роден е полскиот национален јунак Тадеуш...
1783.- Велика Британија во Париз го потпиша...
1789.- За прв претседател на САД е избран Џорџ...