Песков: Не е точно дека баравме повлекување на трупите на НАТО од Источна Европа

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска ги негираше романските тврдења дека Русија побарала повлекување на трупите на НАТО од нејзиното источно крило, особено од земјите кои се приклучија на Алијансата по 1997 година, вклучувајќи ги Полска, Унгарија и Чешка.



Говорејќи на брифинг со новинарите во Москва, Дмитриј Песков ја призна загриженоста на Русија за проширувањето на НАТО кон исток, но инсистираше на тоа дека такви барања не биле поставени.

Кристијан Дијаконеску, шеф на кабинет на романскиот претседател и советник за одбрана и национална безбедност, во средата тврдеше дека Русија го дала предлогот за време на состанокот со американски официјални претставници во вторникот во Саудиска Арабија, и дека американската делегација го отфрлила.

-Не, тоа не е точно, тоа не одговара на реалноста, рече Песков на прашањето дали Русија поднела такво барање.

Тој дополнително ја појасни позицијата на Русија по ова прашање, велејќи дека „нашиот став за воената инфраструктура на НАТО што напредува кон нашите граници е добро познат. Не е тајна дека сме загрижени поради тоа“, рече Песков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж чека во холот на еден хотел. Одеднаш му текнува дека треба да го праша нешто рецепционерот и оди накај него. Во тој момент налетува на една госпоѓа со малку повеќе развиени...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на извидничкото движење
1512.- Во Севилја, Шпанија, умре Америго...
1732.- Роден е Џорџ Вашингтон, прв претседател...
1788.- Во Данцинг е роден Артур Шопенхауер,...