Путин: Европските земји може да учествуваат во решавање на конфликтот во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека европските земји може да учествуваат во решавањето на конфликтот во Украина, пренесоа француските медиуми.



Путин ова го изјави поради загриженоста од Европската унија дека може да биде исклучена од мировните преговори за Украина меѓу Русија и САД.

-Европјаните, но и другите земји имаат право и можност да учествуваат. И ние тоа го почитуваме, рече Путин во телевизиско интервју.

Рускиот лидер додаде дека европските земји ги прекинале односите со Русија.

-Тие самите се откажаа од секаков контакт со нас и имаа секакви луди идеи за победа против Русија на бојното поле, рече Путин.

„Нивното учество во преговарачкиот процес е неопходно. Никогаш не сме биле против тоа“, објасни тој.

Путин рече дека минатонеделните разговори меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија, први разговори на високо ниво од почетокот на војната во Украина, во кои европските земји не учествуваа, имаат за цел „јакнење на довербата“ меѓу Москва и Вашингтон.

-Ниту едно прашање не може да се реши без ова. Вклучувајќи и толку сложено и акутно прашање како што е украинската криза, истакна шефот на руската држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо и Фата излегле со кучето на прошетка, кога по некое време Фата се сетила дека заборавила да облече гаќи. И му текнало на Мујо идеја:
- Фато, дај на кучето да те помириса...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1199.- Во Хиландар умре Стефан Немања, основач на...
1531.- Во Лисабон, главниот град на Португалија,...
1770.- Умре италијанскиот виолински виртуоз и...
1802.- Во Безансон е роден Виктор Иго, еден од...