Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.



-Јас во замена за НАТО? Замената е можна. Реков дека сум подготвен да заминам, а за возврат стануваме членка на НАТО - ова го кажувам уште од почетокот на војната со Русија. Ако влеземе во НАТО, тоа значи дека ја исполнив мојата мисија, рече Зеленски, јави Скај њуз.

Тој предупреди дека нема да биде лесно да го заменат.

-Не е доволно само да се одржат избори. Мора да ме спречите да учествувам, а тоа ќе биде малку потешко, рече Зеленски.

Изјавата на Зеленски дојде откако неколку американски републиканци, вклучително и советникот за национална безбедност Мајк Волц, сенаторот Линдзи Грем и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, рекоа дека Зеленски треба да ја напушти функцијата, по неговото однесување во Овалната соба во петокот за време на вербалниот судир со Трамп. Тие вчера го повикаа Зеленски да ја смени стратегијата или да поднесе оставка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две плавуши си разговараат:
- Што мислиш, што барале девојките со машките порано ?
- Како тоа порано ?
- Па порано, пред да се измислат парите и кога немало коли ?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1359.- Силна турска војска, под водство на Мурат,...
1652.- Роден е англискиот писател Томас Отвеј,...
1703.- Умре англискиот физичар Роберт Хук,...
1707.- Умре могулскиот цар Аурангзеб, најмладиот...