Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.



- Нема да признаеме ниту една од териториите окупирани од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи. Толку луѓе беа повредени, толку многу страдања издржавме. Затоа никој нема да заборави. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите основни црвени линии, посочи Зеленски.

Тој нагласи дека државата нема да дозволи никој да ги заборави злосторствата извршени врз Украина.

- Нашите војници ги извршуваат своите задачи во регионот Курск. Русите дефинитивно се обидуваат да извршат максимален притисок врз нашите сили. Воената команда го прави она што треба да го направи, да ги зачува животите на нашите војници, истакна Зеленски.

Според онлајн мапа на бојното поле во Украина на украинската организација „Дип стејт“ (Deep State), украинските сили го напуштиле градот Суџа во областа Курск, каде Москва изминатите денови почна офанзива.

Зеленски потенцира дека Украина покажала подготвеност за примирје и оти сега се очекува одговор од Русија.

- Се зависи од тоа дали Русија сака примирје и тишина или сака да продолжи да убива луѓе … Украина јасно го покажа својот став. Денеска Русија мора да одговори на тоа, наведе Зеленски.

На вчерашните разговори помеѓу американската и украинската делегација во Саудиска Арабија, Киев изразил подготвеност да го прифати предлогот на САД за итно спроведување на 30-дневен прекин на огнот. Примирјето би можело да биде продолжено доколку Русија го прифати и во исто време се придржува до условите.

Претходно, Москва соопшти пред да го коментира предлогот за примирје ќе го почека извештајот на американските претставници. Вашингтон најави дека денеска ќе разговара со Москва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...