Макрон: По мировниот договор, во Украина ќе бидат распоредени „сили за безбедност“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека во Украина ќе бидат распоредени „сили за поддршка на безбедноста“, кои ќе служат како гаранција за стабилноста на земјата, веднаш по постигнувањето мировен договор.



Тој нагласи дека овој концепт е различен од претходно дискутираните „мировни сили“.

Макрон објасни дека иницијативата потекнува од Велика Британија и Франција, како одговор на барање од Украина.

Францускиот претседател подвлече дека силите се сè уште во фаза на планирање, но дека нивната улога нема да биде да ги заменат мировните трупи задолжени за одржување на примирјето.

- Во овие сили ќе учествуваат повеќе држави, но тие нема да бидат распоредени на линијата на фронтот, туку во стратешки области, додаде Макрон.

Тој исто така посочи дека не сите земји учеснички на самитот во Париз изразиле подготвеност да се приклучат на оваа иницијатива.

- Не постои едногласност, призна Макрон, но нагласи: За ова не ни е потребна едногласност.

- Овие стабилизациски сили нема да бидат замена за мировните трупи на линијата на фронтот, ниту за силната и робусна украинска армија, заклучи Макрон, најавувајќи дополнителни разговори на оваа тема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што е разликата меѓу Черчил и Сталин?
- Черчил ги собирал вицовите што луѓето ги кажувале за него, а Сталин ги собирал луѓето што кажувале вицови за него.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на македонското судство
1492.- Кралот Фернандо Петти Католички им даде...
1547.- Умре францускиот крал Франсоа Први, кој...
1596.- Во Хаг е роден Рене Декарт, француски...