Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура

Украина останува на својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.



Тој истакна дека Русија го отфрли не само американскиот предлог за целосен и безусловен прекин на огнот, туку и вчерашниот предлог - „предлог да продолжат активностите за целта да се постигне мир по Велигден“.

-Сето ова уште еднаш демонстрира што Москва навистина сака. Сепак, Украина останва на предлогот барем да не се гаѓа цивилната инфраструктура. И очекуваме јасен одговор од Москва. Ние сме подготвени на секој разговор како тоа да го обезбедиме, рече украинскиот лидер во своето редовно вечерно обраќање до нацијата преку видео порака, пренесена од украински Интерфакс.

Според него, прекинот на огнот е првиот, сигурен чекор кон мирот.

„Постои очигледен, наједноставен и најсигурен начин, и тоа е: запрете ги ракетните и далекуметните напади со дронови,а тоа автоматски ќе ја гарантира безбедноста на целата цивилна инфраструктура“, додаде Зеленски.

Украинскиот претседател напомена дека руските напади продолжиле и денеска долж целата линија на фронтот.

„Само до средината на вчерашниот ден имаше речиси 3.000 гранатирања, напади и други удари. Имаше употреба на руските проектили, „Шахеди“ речиси 90 воздушни бомби, употреба на тешко вооружување и дронови. Руските напади продолжуваат на целиот фронт“, рече Зеленски.

Тој, исто така, нагласи дека главната задача на украинските претставници на претстојната средба во Лондон, што ќе се одржи оваа недела, е постигнување безусловен прекин на огнот.

„Мирот доаѓа во тишина. А само кога владее вистинско примирје и кога луѓето имаат доверба во целиот процес на преговарање, тогаш може да се решат суштинските прашања“, заклучи Зеленски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на поштарско-телеграфските...
- Денеска е Ден на планетата Земја
1529.- Во Сарагоса е потпишан Договор со кој...
1724.- Роден е германскиот филозоф Имануел Кант,...