Лондон, 20 февруари (МИА) - Системот на владеење и управување во Русија, познат како „путинизам“ е пред својот крај, пишува лондонски „Гардијан“. Овој систем кој на земјата и ја врати самодовербата, успеа да го подобри животниот стандард и му обезбеди на Владимир Путин големо поддршка кај населението, е како што забалежува лондонскиот весник е „неизлечиво болен“.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, вредноста на рубљата е намалена за 20 отсто, индустриското производство е опаднато за 16 отсто, вредноста на акциите на московската берза секојдневно се смалува, а исплатата на платите се почесто задоцнува. Сето тоа е последица на големиот пад на цената на нафтата и на гасот на светскиот пазар, што во времето кога тие постојано поскапуваа, а цените беа мошне високи, го држеа целото домашно стопанство на цврсти нозе.
„Гардијан“ констатира дека сегашната ситуација е многу поинаква од порано, па премиерот Владимир Путин како да полека ја губи самодовербата. Се почесто и се погласно се слушаат критики од неговите досегашни сојузници и пријатели, како претседателот Дмитриј Медведев кој ја напаѓа Владата, нејзината економска политика и отсуството на инвестиции во инфраструктурата кои, како што се смета, придонесуваат за големата криза во кој Русија се повеќе запаѓа.
Според весникот, односите меѓу премиерот Путин и претседателот Медведев се максимално влошени, па двете страни се договориле на нивните идни стостаноци да има записничар и да се води записник, за да нема недоразбирања околу тоа кој што рекол. Слабеењето на „путинизмот“ се предвидува да донесе промени во однесувањето на Москва на меѓународната сцена и во политиката, така што ќе се намали сферата на руското влијание, а ќе овозможи подобрување на односите со САД.
Сепак и покрај тоа што шест милиони луѓе ја загубија работата, поддршката за премиерот Путин и понатаму е висока и изнесува 74 отсто.