Меѓу загинатите во земјотресот има две Македонки

Рим, 6 април (МИА) - Најмалку девет лица загинаа во земјотресот во областа Абруцо, централна Италија, соопшти локалната полиција. Во бројката не се вклучени четирите деца кои според италијанските медиуми починале во болница во Аквила, каде биле донесени откако биле изведани од под урнатини.

Според весникот „Република“, цитиран од рускиот сајт Њуз.Ру, меѓу жртвите има две Македонки.

Пет лица загинале во Кастелнуово, каде се урнале десетици куќи и црква, и тоа во историски центар кој сега е срамнет со земја. Осум лица засега се водат како исчезнати.

Во Аквила, каде се урнаа многу згради, спасувачките екипи се уште бараат преживеани под урнатините на еден студентски дом. Преживеан студент за телевизијата РАИ изјави дека земјотресот ги разбудил повеќето студенти кои избегале по скалите пред да се урне покривот на домот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто кога плавуша паѓа на земја секогаш паѓа со раширени нозе.
- Затоа што книгата се отвара таму каде што е највеќе читана.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1836.- Шпанија ја призна независноста на Мексико,...
1856.- Роден е Вудров Вилсон, дваесет и осмиот...
1879.- Во несреќата на патнички воз на линијата...
1882.- Роден е англискиот астроном и математичар...