Рио де Женеиро, 5 јуни (МИА) - Пронајдените остатоци во Атланскиот Океан вчера од страна на бразилските воено поморски сили, не се од патничниот авион на „Ер Франс“ како што се тврдеше претходно, изјави директорот на одделот за контрола на воздухопловното пространство, генерал Рамон Кардосо.
- Досега не е пронајден ниту еден дел од авионот на „Ер Франс“. Можам да потврдам дека пронајдените остатоци не се од тој авион, истакна Кардосо.
Бразилскиот генерал вчера соопшти дека бразилските воено поморски сили извадиле од Атлантикот остаток од багажниот оддел на авионот „Ербас А-330“, кој се урна во Атланскиот Океан со 228 патници и членови на екипажот во ноќта меѓу неделата и понеделникот.
Сега Кардосо на прес-конференција изјави дека пронајдениот дел бил од дрвена багажна платформа, а на авионот на „Ер Франс“ немало такви. Тој нагласи дека бразилските воено поморски сили ќе ги соберат сите делови за анализа од овој реон, каде што се претпоставува дека потонал авионот.
Генералот објасни дека пронајдената дамка од гориво на океанската површина била од машинско масло, а не од керозин и било од брод, а не од авион.