Ирците го одобрија Лисабонскиот договор со 67 проценти

Даблин, 3 октомври (МИА) - Над две третини од ирските избирачи, односно 67,13 отсто го поддржаа Лисабонскиот договор, покажуваат официјалните резултати, објавени вечерва од Изборната комисија.

Со „не“ гласале 32,87 проценти од луѓето кои го искористиле своето право на глас.

Од вкупно 43 изборни места, избирачите само во две од нив кажале преовладувачко „не“ на новиот европски договор.

Од останатите 41 окрузи, 31 го отфрлија Лисабонскиот договор на претходниот референдум во јуни минатата година. Овојпат резултатите не се само различни, туку приврзаниците на новиот европски договор и по места извојуваат убедлива победа. На пример во југозападен Даблин - бастион на противниците на договорот, 59 проценти од избирачите кажаа „да“ на договорот. За споредба, на претходниот референдум, 65 проценти од локалните жители гласаа со „не“.

Новиот европски договор доби најголема поддршка во избирачкиот округ во северен Даблин - 82 проценти.

На првиот референдум Ирците го отфрлија Лисабонскиот договор со 53,4 отсто. Со „да“ гласаа 46,6 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...