Хашкиот осуденик Радован Караџиќ е неизвесно дали ќе се појави на денешното судење во Трибуналот. Судскиот процес против некогашниот претседател на Република Српска треба да почне денеска.
Тој од порано, во четвртокот најавил дека немал намера да дојде во Судот, бидејќи не бил подготвен.
Нерма Јелачиќ, портпаролката на хашкиот трибунал за “Танјуг“ изјавила дека Караџиќ можел да одбие да дојде на судењето од притворското одделение на Шевенинген. Исто така, таа додала дека не може да се принуди обвинетиот да се појави без негова волја.
Во тој случај истакнала Јелачиќ, Судот имал неколку опции, една од нив била да го отвори главниот претрес, односно да почне судењето без присуство на Караџиќ.