Париз, 3 декември (МИА) - Повеќето Французи не ја поддржуваат изградбата на џамии и минариња во земјата, покажува истражувањето на францускиот институт за јавно мнение, чии резултати ги цитира парискиот весник "Фигаро".
Само 19 отсто од анкетираните сметаат дека молбите на муслиманите за изградба на џамии треба да добијат позитивен одговор. Четириесет и еден процент се против, 36 отсто тврдат дека тоа им е неважно, а четири проценти немаат мнение, информираат француските медиуми.
Според мнозинството Французи или 46 отсто, минарињата треба да бидат забранети. Четириесет отсто се против, а 14 проценти не даваат одговор.
"Природно" најмногу или 87 отсто се противниците на џамиите и минарињата се меѓу приврзаниците на десниот Национален фронт на лидерот Ле Пен. Меѓутоа, не се малку и оние ( 48 отсто) што потекнуваат или гласаат за владејачката Унија за народно движење , забележува ИТАР-ТАСС.
Бројот на луѓето, кои се против изградбата на џамии во Франција, е значително зголемен од 2001 година наваму, ги појаснува руската агенција податоците од истражувањето.