Москва, 29 март (МИА) - Според првичните информации добиени од Федералната служба за безбедност (ФБС) нападите во две метро станици во Москва извршени се од жени-самоубијци, при што загинаа најмалку 35 луѓе, а повеќе од 30 се повредени, изјави градоначалникот на Москва, Јуриј Лужков.
Првата експлозија се случи една минута пред осум часот по локално време на метро станицата „Лубјанка“ при што загинаа 23 луѓе. Метро станицата се наоѓа под истоимениот плоштад каде се наоѓаше централата на КГБ, а се е лоцирана ФБС.
Приближно 45 минути подоцна втората жема-самоубиец го детонирала експлозивот што го носела на себе во метро станицата „Парк на културата“. Во вториот инцидент загинаа најмалку 12 луѓе.
Лужков наведе дека првата експлозија се случила во самото метро, а за втората се уште нема информации.
Руското обвинителство покрена кривично дело против тероризам.
Последниот потврден терористички напад во Москва се случи во август 2004 година кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот во метро станица во центарот на Москва при што загинаа десет луѓе. Одговорноста за овој напад ја презедоа чеченските сепаратисти.