Краснојарск, 29 март (МИА) -Организаторите на денешните терористички напади во Москва ќе бидат најдени и казнети, изјави денеска од Краснојарск рускиот премиер Владимир Путин, цитиран од руските медиуми.
-Во Москва беше извршен криминал, ужасен по своите последици и одвратен по својот карактер, врз мирни граѓани, изјави Путин за време на видео конференцискиот разговор со ситуацискиот центар на Министерството за вонредни ситуации.
-Уверен сум дека истражните органи ќе направат се за да ги најдат и казнат криминалците. Терористите ќе бодат уништени, подвлече Путин.
Рускиот премиер на семејствата на загинатите во денешните атентати во московското метро им одобри отштети во износ од 300.000 рубљи (околу 10.000 долари). На тешко повредените и на повредените со средно тешки повреди ќе им бидат исплатени по 100.000 рубљи, а на лесно повредените - по 50.000 рубљи.
Од Краснојарск рускиот премиер ги повика московските таксисти „ да не се ја користат создадената ситуација во главниот град и да не ги надувуваат цените на превозот“, соопштија руските медиуми. Повикот беше упатен откако се појавија информации дека тарифата на такси превозот во реоните во близина до двете станици на метрото, во кои беа извршени атентатите, се зголемила десеткратно.