Махачкала, 1 април (МИА) - Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави денеска дека мерките за борба против тероризмот во целиот свет треба да бидат остри, строги и превентивни.
- Треба да се преземат пошироки мерки против тероризмот, и тие треба да бидат не само поефективни туку и посилни, безмилосни и превентивни. Треба да има казни, изјави Медведев при посетата на Дагестан.
Тој оддаде почит за загинатите во терористичкиот акт во Кизлјар.
- Тоа што се случи е многу тешко. Тие загинаа при заштита на нашиот народ, нагласи тој и вети дека сите лидери на терористите ќе бидат пронајдени и казнети.
Медведев подвлече пет главни задачи во борбата против тероризмот во Кавказ - изненадни удари врз терористите и нивните засолништа, помош за оние што се борат против бандитите, развој на економијата, образованието и културата, зацврстување на духовноста и зацврстување на безбедносните органи, на Министерството за внатрешни работи, на Федералната служба за безбедност и судовите.