Сапатеро: Саркози се закани со напуштање на еврозоната за да ја спаси Грција

Мадрид, 14 мај 2010 (МИА) - Францускиот претседател Никола Саркози се закани дека Франција ќе ја напушти еврозоната, за да ја принуди Германија да донесе спасувачки план за Грција, тврди шпанскиот премиер Хосе Луис Родригес Сапатеро. 

Според весникот „Паис“, кој е близок до владејачките социјалисти, Сапатеро ова го изјавил во средата на средба со лидери од неговата Шпанска социјалистичка работничка партија.

Минатиот петок Саркози побарал „ангажман од сите земји-членки за да и помогнат на Грција, секоја според своите можности, во спротивно Франција ќе ја преразгледа својата положба во еврозоната“.

Шефовите на држави и влади од еврозоната се собраа минатиот петок во Брисел за да го одобрат планот за помош на Грција во вредност од 110 милијарди евра во форма на кредити од ЕУ и ММФ во следните три години. Решението за спасување на Грција од банкрот не беше донесено лесно, најмногу поради несогласувањето на Германија.

- Саркози удри со тупаница по масата и се закани дека ќе се откаже од еврото, извртувајќи ја на овој начин раката на германската канцеларка Ангела Меркел, истакна еден од високите функционери на Шпанска социјалистичка работничка партија, цитирајќи ги зборовите на Сапатеро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шетаат две нули по пат и здогледу-
ваат една осмица.
-Види ја,сељанка,врзала каиш!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз,...
1874.- Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и...
1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски...
1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан...