Советскиот лидер Јозеф Сталин, во два наврати за време на Втората светска војна откажал два испланирани атентати врз Хитлер.
Сталин тоа го направил од претпазливост Берлин да не склучи одвоен мир со Британците и Американците.
Ова го тврди рускиот генерал во пензија Анатолиј Куликов, претседател на Клубот на воените команданти, кој додава дека Сталин поседувал документи за германските преговори со Американците и Британците.
Едниот од атентатите бил планиран во 1943 година, а вториот една година подоцна. Тогаш атентаторот успеал да се вовлече во Хитлеровото најблиско опкружување, меѓутоа руското раководство во последен момент ја откажало ликвидацијата.