Амстердам, 29 септември 2010 (МИА) - Три холандски партии на десниот центар се договорија вчера, по три месеци преговори, да ја формираат првата повоена малцинска влада во земјата, изјави лидерот на либералите Марк Рут.
Претседателите на либералната Народна партија за демократија и слобода и на Христијанско демократскиот апел, Марк Рут и Јан Петер Балкененде постигнаа договор за формирање на првата малцинска влада од 1939 година, која во Парламентот ќе биде поддржана од антиисламската Партија на слободата на Герт Вилдерс.
Рут најави дека коалицискиот договор денеска ќе им биде претставен на партиските колеги.