Пробиен најдолгиот тунел во светот низ швајцарските Алпи

Седрун, 15 октомври 2010 (МИА) - Швајцарија денеска свечено го одбележи пробивањето на последниот метар низ алпскиот масив Готхард, со што е отворен најдолгиот тунел во светот од 57 километри, низ кој ќе минува железничка пруга.

Швајцарските власти по тој повод прогласија „ден на радоста“, бидејќи со пробивањето на тунелот е остварен 60-годишниот долг сон на визионерите.

Свечената церемонија ја следеа и европските министри за сообраќај, кои се собрани во Луксембург.

Станува збор за завршување на важен дел од работата, започната во 1993 година, чиј крај се очекува во 2017 година, а вкупната вредност на проектот се проценува на околу 10 милијарди евра.

Преку железничкиот тунел низ масивот Готхард од Цирих до минхен ќе се стигнува за само два и пол часа, а и значително ќе биде намален патниот сообраќај во Европа.

Денешното пробивање и натамошната изградба на тунелот Готхард Базе претставуваат триумф на градежните работници и потфат со највисоки стандарди на почитување на животната средина во светот.

Тунелот Готхард Базе му го одзема светскиот примат на јапонскиот Сеикан, кој е долг 53,6 километри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?

- Веројатно комарец!
- Ама каков комарец! Тоа е *Always Ultra*!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1325.- Основан е градот Теночтитлан, престолнина...
1572.- Умре хрватскиот писател Петар Хекторовиќ,...
1733.- Роден е Џозеф Пристли, англиски...
1741.- Роден е австрискиот цар Јосиф Втори, син...