
Варшава, 15 ноември 2010 (МИА) - Полска од денеска воведува строга забрана за пушење на повеќето јавни места. Во болниците, училиштата и спортски клубови пушачите ќе треба целосно да се откажат. Сега тие ќе пушат во барови и клубови во одделна просторија.
Зони за пушење можат да бидат создадени на работните места, во хотелите, универзитетите и железничките станици.
Прекршителите на законот, усвоен во март, ќе бидат казнувани со максимум 500 злоти (174 долари).
Глобата за институциите, кои не ги закачиле предупредувачките натписи, кои го забрануваат пушењето, достигнува до 2.000 злоти.
Според Министерството за здравство во земјата има околу десет милиони пушачи.
Смртноста од болести, поврзани со пушењето изнесува околу 400.000 случаи годишно.