Брисел, 17 март 2011 (МИА) - Пушењето во кафулињата во Белгија ќе биде целосно забрането од 1 јули, согласно одлуката на Уставниот суд.
Белгиските медиуми овие мерки ги означуваат како студен туш за бизнисот, бидејќи сопствениците на кафулињата очекуваат значителен пад на бројот на клиентите, како и на времето, кое тие го минуваат во локалите.
Во Белгија досега имаше поделба на ресторани каде се служи храна и во кои пушењето е забрането и барови и ноќни клубови, каде пушењето е дозволено.
Анкета, спроведена меѓу пушачите, покажува дека тие нема да ги посетуваат своите омилени кафулиња, доколку не можат да запалат цигара.