Лондон, 10 октомври 2011 (МИА) - Претстојната зима во Европа ќе биде многу студена, предупредија денеска британските метеоролози.
- Треба да се подготвиме за силни и долги студови, нагласуваат британските експерти.
Нивните прогнози се содржани во анализата, во кој се споредуваат промените на температурата во океанот со силата на теченијата во Атлантикот, кои според научниците го определуваат карактерот на зимите во европските земји.
Според друго истражување на Метеоролошката служба на Велика Британија, доставено до Министерството за одбрана, Европа „можеби навлегува во ново помало ледено доба, во кое ќе се намали просечната температура на воздухот“.