Единбург, 19 септември 2014 (МИА) – Граѓаните на Шкотска гласаа против отцепувањето од Велика Британија, се вели во денешните официјални резултати кои имаат маргина за грешка од речиси 10 отсто.
Врз основа на резултати од 31 од 32 региона, 55,42 отсто граѓаните Шкотска гласале за останување во рамки на Велика Британија додека 44,58 отсто граѓани се изјасниле Шкотска да прекине со 300-годишниот сојуз со Британија.
Првиот министер на Шкотска Алекс Салмонд предводник на отцепувањето, призна пораз откако беа објавени резултатите од 31 регион.
– Важно е да се каже дека нашиот референдум беше договорен процес одржан со дозвола, а Шкотска со мнозинство гласови во оваа фаза одлучи да не стане независна држава, изјави Салмонд.